Македонско лекарско друштво (МЛД) основано 1945 год. Здружение на лекарите, стоматолозите и фармацевтите. Фармацевтите се одвоиле од МЛД 12 јули 1947, стоматолозите 10.06.2004 година.
Членство (4.490) лекари организирано во подрачни (22) и (70) специјалистички и субспецијалистички здруженија.
Мисија на МЛД е унапредувањето на медицинската и сродните науки, зачувување и унапредување на достоинството и угледот на лекарската професија, и заштита на интересите на лекарите.
Главен носител на организираната Континуирана медицинска едукација (КМЕ) и континуиран професионален развој (КПР) во континуитет повеќе од 60 год.
МЛД организирал 16 Конгреси на лекарите на РМ и 65 конгреси на специјалистичките здруженија. (12.077 рецензирани трудови).
Иницијатор на формирање на Лекарската комора на Р Македонија 1992 јуни и Медицинска Академија при МЛД.
МЛД е добитник на повеќе награди 11 Октомвриска , 13 Ноемвриска, Св. Климент Охридски и др.
МЛД е член на Светската медицинка асоцијација WMA, EFMA/WHO Европскиот форум на лекарски асоцијации, SEEFMA Форумот на лекарските асоцијации од Југоисточна Европа повеќе од 40 меѓународни специјалистички асоцијации.